spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Средба Тупанчески-Стејровски во Тирана

МП: Средба Тупанчески-Стејровски во Тирана

Министерот за  правда Никола Тупанчески за време на работната посета на Албанија се сретна со Васил Стејровски, Претседател на Македонската алијанса за европска интеграција. На средбата се разговараше за правата на македонското малцинство во Албанија.

Беа отворени повеќе прашања за унапредување на статусот на Македонците во албанското општество, како и за начините врз основа на кои Република Северна Македонија и Република Албанија, во рамките на својата соработка можат да го помогнат овој процес. Во таа насока во континуитет се преземаат активности за обезбедување на  институционална поддршка за заштита и унапредување на културниот и јазичниот идентитет на македонското малцинство.На средбата која се одржа во македонската амбасада во Тирана присуствуваше и Амбасадорот Данчо Марковски.

 

 

 

Извор: Министерство за правда 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...