spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Интензивни разговори за предизвиците од глобалната енергетска криза, можностите за надминување...

МЖСПП: Интензивни разговори за предизвиците од глобалната енергетска криза, можностите за надминување и ориентираност кон чисти енергии

Во рамки на престојот во Истанбул и учеството на Регионалната конферeнција за перспективите за чиста енергија, министерот Нуредини оствари интензивни билатерални средби чиј фокус беше на предизвиците од глобалната енергетска криза, можностите за надминување и ориентираност кон чисти енергии.Nuredini sredba so pretstavnik na EBRD

На средбата со Метју Балдвин заменик генерален директор од Генералниот директорат за енергија на ЕУ двете страни ги презентираа активностите што се преземаат за справување со енергетската криза, како и можностите за олеснување на финансискиот товар од високите сметки на струјата врз крајните корисници – стопанствениците и индивидуалните домаќинства, преку субвенции од страна на централниот буџет. Се разговараше и за можностите за помош  од страна на ЕУ во обезбедување на гас од различни извори,  особено за градот Скопје. При тоа, интерконекторот со Грција е оценет како мошне важен не само за нашата држава, туку и за целиот регион. Министерот Нуредни и  заменикот генерален директор Балдвин се согласија дека постои зголемен интерес на инвеститори кон обновливи извори.Nuredin sostanok Istanbul Turcija

Исто така, министерот Нуредини оствари средба со Алпарслан Бајрактар заменик министерот за енергетика и природни ресурси на Турција, на која  посебен  беше акцент ставен на можноста за поддршка на Турција како држава транзитор на гас за Европскиот континент во обезбедување на гас и за РСМ во случај на потреба.

Со Гжегож Зиелински директор на ЕБРД, раководител на енергетска Европа  Нуредини разговараше за тековните проекти што се реализираат во државата со поддршка на Европската банка за обнова и развој како и за идни можни соработки.

Istanbul_Nuredini_romanski Minister za energetika

Конструктивни разговори за начините на управување со енергетската криза и надминувањето на предизвиците преку подобрена регионална соработка Нуредини водеше и со Џорџ Сергиу Никулеску, државен секретар во Министерство за енергетика на Романија.

 

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...