spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Ги доделивме грантовите за самовработување во Кичево

МТСП: Ги доделивме грантовите за самовработување во Кичево

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати, денеска ги доделија грантовите за самовработување во Кичево.

„Секоја година како Министерството за труд во соработка со Агенцијата за вработување и останатите вклучени релевантни актери, подготвува  Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот. Оваа година тој изнесува повеќе за пет милиони евра од минатата година. Односно тој изнесува 1,8 милијарди денари, или околу 30 милиони евра. Со него е проектирано да бидат опфатени 14.685 невработени лица, со посебен акцент на младите невработени лица до 29 години, долгорочно невработени како и корисниците на гарантираната минимална помош“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека во Подрачната канцеларија на АВРСМ во Кичево опфатени се 38 невработени лица од кои 7 се млади лица до 29 години додека 15 се жени. Министерката посочи дека бројот на корисници на мерката самовработување на ниво на држава е 2000.

На крајот од своето обраќање Тренчевска ги поздрави корисниците и им посака успех во исполнувањето на нивниот бизнис план.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...