НАЕОП: Повик за апликации „Истражи ја ЕУ“

Самостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Повик за апликации „Истражи ја ЕУ“

Најчитано

Рок за аплицирање:од 11.10.2022 (вторник) во 12:00 часотдо -26.10.2022 (среда) 12:00 часот

Каде се аплицира:  EACEA , Brussels на следниот линк DiscoverEU | European Youth Portal (europa.eu) 

Кој може да аплицира : млади кои имаат наполнето 18 години или наскоро ќе наполнат 18 години, кои истовремено се државјани на ЕУ држава или на една од државите за кои е достапна “Истражи ја ЕУ“ (Република Северна Македонија е една од тие држави).

Доколку имате 18 години или ќе наполните 18 години во 2023 година имате можност да  аплицирате за патен билет (travel pass) во рамките на Истражи ја ЕУ. Аплицирањето може да го направите директно преку Европскиот младински DiscoverEU | European Youth Portal (europa.eu).

Истражи ја ЕУ” (DiscoverEU) е акција на програмата Еразмус+ која им овозможува на младите на возраст од 18 години да стекнат нови искуства преку патување во Европа, може да патуваат сами или во група, со железница или со други транспортни средства, а во некои држави може да користат авион (авионски до/од острови). На секој млад човек /апликант на кој ќе му биде одобрена апликацијата  ќе му биде доделен патен билет.

НОВО! Сите одобрени апликанти /учесници ќе добијат картичка за попуст со попусти за културни посети, активности за учење, спорт, локален транспорт, сместување, храна итн.

Цели на акцијата:

  • Дава можност на младите да научат повеќе за Европа, да откријат нови можности за нивното идно образование во некоја од другите држави на Европа
  • Овозможува младите да се стекнат со нови корисни знаења, животни вештини и способности
  • Овозможува поттикнување на меѓукултурен дијалог и вмрежување помеѓу младите
  • Придонесува во зајакнување на чувството на припадност на младите во Европската Унија
  • Овозможува зголемување на еколошката свест кај младите

Повикот за аплицирање и процесот на селекција се врши на т.н централизирано ниво на Европската комисија во EACEAСогласно ова, сите заинтересирани млади лица својата апликација може да ја поднесат директно на Европскиот младински портал à DiscoverEU | European Youth Portal (europa.eu).

Повикот за аплицирање, информации и пристап до апликација може да најдете на официјална страна на “DicoverEUна Европскиот младински портал на следниот линк à DiscoverEU | European Youth Portal (europa.eu)

За општи информации/прашања: контактирајте ја Националната агенција за европски образовни програми и мобилност преку е-пошта на à martin.atanasov@na.org.mk

Доколку сте добиле карта за патување и имате какви било прашања (на пр., промена на датумот на патување, итн.) ве молиме контактирајте со администраторите на DiscoverEU овде:

à #DiscoverEU – Expand your comfort zone (start-discover.eu)

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе