ДКСК: Борба против корупцијата преку потикнување на отчетност, интегритет и транспарентност

Самостојни органиСамостојни државни органиДКСК: Борба против корупцијата преку потикнување на отчетност, интегритет и транспарентност

Најчитано

Борбата против корупцијата во Република Северна Македонија треба да се води на сите нивоа за да биде успешна. Од справување со ситната, секојдневна која поттикнува начин на однесување и култура на подмитување, до крупната корупција која доведува до нефункционални институции и го попречува развојот на земјата. Конвенцијата на Обединетите нации против корупција како глобален инструмент фокусиран на поттикнување отчетност, интегритет и транспарентност има развиено ефикасни начини и мерки кои може да придонесат кон намалување на нивото на корупција во државата на сите нивоа и во исто време да поттикнат добро владеење. Ова се дел од заклучоците од конференцијата на тема „Стандарди на интегритетот во јавниот сектор според Конвенцијата на Обединетите нации против корупција“, која се одржа на 12.10.2022 година, во ораганизција на Министерството за правда и УНДП, а на која учествуваше и Државната комисија за спречување на корупцијата.

Во своето обраќање на конференцијата м-р Владимир Георгиев, заменик претседател на ДКСК, покрај останатото, го истакна следното: „Структурата на Конвенцијата на Обединетите нации против корупцијата укажува дека е потребен сеопфатен систем за борба против корупцијата кој вклучува превентивни мерки, криминализација, конфискација и враќање на имотот, како и меѓународна соработка. Покрај ефикасната реакција кон сторителите на корупција, неопходни се и мерки со кои ќе се намалат ризиците од корупцијата, но и ќе се зајакне свеста и интегритетот на службените лица. Значајно е и воспоставување на ефикасни канали за пријавување на корупција и заштита на укажувачите“.

 

 

 

 

Извор: Државна комисија за спречување на корупцијата

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе