spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТВ: Започнуваат работите за реконструкција на доводниот цевковод во н.м. Долно Палчиште

МТВ: Започнуваат работите за реконструкција на доводниот цевковод во н.м. Долно Палчиште

Заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи вчера оставри работна посета на општина Боговиње каде изврши увид во реконструкција на дел од водоводниот систем  во населеното место Долно Палчиште.

 

Инвестицијата се реализира преку Министерството за транспорт и врски во вредност од 266 илјади евра, а според проектот се планира реконструкција на цевкодов во должина од 3,6 километри .

” Овде сме да докажеме уште еднаш дека го држиме зборот пред жителите на населеното место Долно Палчиште, за да ја задржиме довербата што ни ја даде народот и да ги исполниме дадените ветувања. Посебно внимание посветуваме на унапредување  на водоводната мрежа, развојот на патната инфраструктура и заштитата на животната средина како предуслов за создавање подобри услови за живот за сите граѓани. Овој долгоочекуван проект значително ќе ги олесни условите за живот на жителите од ова село и ќе стави крај на долгогодишното чекање за елементарно право како што е водата. Министерството за транспорт и врски е посветено на континуирана поддршка на општините преку различни инфраструктурни проекти од големо значење за граѓаните и локалните самоуправи.’, изјави Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски.

 

 

 

Извор: Министерство за транспорт и врски 

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...