spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЖСПП: Оџаклиеска на настан за вмрежување помеѓу македонски и германски компании и...

МЖСПП: Оџаклиеска на настан за вмрежување помеѓу македонски и германски компании и институции

Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска, говореше на хибридната средба за вмрежување помеѓу македонски и германски компании и институции, која се одржа вчера во Скопје.

 

Целта на настанот беше размена на искуства меѓу македонските и германските компании и презентација на бизнис климата во С. Македонија пред германските инвеститори и презентирање на Програмата за стипендирање на млади професионалци.

– Германија е една од најголемите поддржувачи на нашата држава и е фокусирана на поттикнување на регионалната соработка и европската интеграција на регионот на Западен Балкан. Меѓународната соработка е клучна за регионален и локален економски развој на државите и го поддржува автономното спроведување на ЕУ политиките – изјави заменик министерката Оџаклиеска во нејзиното воведно обраќање.

3

Според неа, меѓународната соработка е неопходна и во полето на зачувување на биодиверзитетот и адаптацијата кон климатските промени, а од големо значење е и заедничкото делување и унапредувањето на соработката со соседните земји во однос на управување со водните ресурси, и постигнувањето на одржлив економски и рурален развој.

IMG-a1cea2715f1e78fcfa32e599b9277929-V

Настанот го организираше  Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АНК) и Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

 

 

 

Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање Насер 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...