МОН: Известување за три месечни докторски и постдокторски истражувачки стипендии во Романија за 2022-2023 година

МинистерстваМОН: Известување за три месечни докторски и постдокторски истражувачки стипендии во Романија...

Најчитано

Амбасадата на Романија во Република Северна Македонија известува дека Министерството за надворешни работи на Романија преку програмата Eugen Ionescu доделува 3 (три) месечни  докторски и постдокторски стипендии за истражување и мобилност на државните високообразовни институции во Романија.

Овие стипендии се реализираат во соработка со франкофонската глобална мрежа на високообразовни и истражувачки институции (AUF) Agence universitaire de la Francophonie.

Подетални информации за стипендиите можат да се добијат на следнава интернет страница на (AUF) Agence universitaire de la Francophonie:

https://www.auf.org/nouvelles/appels-a-candidatures/bourses-de-recherche-doctorale-et-postdoctorale-eugen-ionescu-appel-candidatures-2022-2/

Повикот за стипендии ќе биде отворен до 20 ноември 2022 година.

Период на мобилност: 1 мај – 31 јули 2023 година

Дополнителни информации во врска со стипендиите може да се добијат на следнава е-маил адреса: bourses-ei@auf.org

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе