М-р Дејан Стоимановски е новиот претседател на Општинскот сојуз за училишен спорт на Кисела Вода кој се реафирмира по неколкугодишен застој.
Пред присутните членови, новото раководно лице, Стоимановски, ги презентираше своите цели за развој на училишниот спорт, како и активностите што ги планира за негово омасовување.
Како што истакна во своето обраќање, тој и досега како наставник по физичко воспитување, има работено на откривање на спортските афинитети на учениците и помош при нивниот развој во идни спортисти, натпреварувачи и потенцијални репрезенттивци во националните спортски селекции во Република Македонија. Заживувањето на Сојузот, што е негов план, ќе им пружи поголеми можности на спортските таленти, како и усовршување на стручните кадри во насока на унапредување на училишниот спорт во Општина Кисела Вода. Заедно со раководството на Општина Кисела Вода, со градоначалникот Ѓорѓиевски, со наставниците по физичко воспитување и со родителите, на учениците ќе им овозможиме да го развиваат својот потенцијал и да донесат врвни резултати на кои сите ќе се гордееме, истакна Претседателот Стоимановски во своето обраќање.
Извор: Општина Кисела Вода