spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоглавје 9 – Финансиски услуги

Поглавје 9 – Финансиски услуги

Во Европската комисија во Брисел продолжи втората сесија на објаснувачкиот скрининг состанок за вториот Кластер – Внатрешен пазар, односно поглавје 9 – Финансиски услуги.

Финансиските услуги се исклучително важни за доброто функционирање на внатрешниот пазар на Европската Унија како еден од основите на ЕУ. Ова поглавје значи усогласеност со регулативите од областа на финансиските услуги, банките, осигурувањето и реосигурањето, пензиските фондови како и пазарот на капитал.

Целосното усогласување со регулативите на Европската Унија, како и доследното спроведување на националните регулативи обезбедува висок степен на стабилност на финансискиот систем на Северна Македонија.

Нашата земја веќе постигнала високо ниво на финансиска интеграција со Европската Унија и успешно го следи патот кон целосна хармонизација.

Европската комисија презентираше збир на регулативи и директиви на Европската унија во различни области на финансиски услуги како што се: директива за хартиени обврзници, регулативи за инвестициски фирми, пакетот за закрепнување на пазарите на капитал, предлог пакетот за 2021 година за работата на банките од страна на Европската комисија како и многу други области каде што имало промени во законодавството на Европската унија, кои мора да се усогласат и да се рефлектираат во законодавството на нашата земја.

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...