Државниот секретар Размена Чекиќ Дуровиќ, на 24 октомври 2022 година учествуваше на состанокот на министрите за енергетика во рамките на Берлинскиот процес, на покана на германскиот заменик-канцелар и министерот за економски прашања и климатски активности Др. Роберт Хабек. На состанокот го презентираше напредокот, плановите и потребите на Република Северна Македонија во енергетскиот сектор, мерките за справување со енергетската криза, како и активностите и мерките кои ги превзеде Р. Северна Македонија за зголемување на искористеноста на обновливите извори на енергија.
За време на состанокот ја истакна потребата од забрзување на тековната, како и потребата од дополнителна поддршка од Европската Унија и Германија, се со цел да можеме да продолжиме по патот на енергетската транзиција.
Извор: Министерство за економија