spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Кога сакаме да зборуваме за напредок на една држава треба секогаш...

МТСП: Кога сакаме да зборуваме за напредок на една држава треба секогаш да зборуваме за влогот во младите

Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусеин учествуваше во панел дискусијата „Стратешко партнерство за младите претприемачи во регионот“ во рамки на „Регионалниот форум за градење партнерство за претприемничко учење“ во организација на Националниот младински совет на Република Северна Македонија.

„Како Министерство за труд и социјална политика работиме на тоа да креираме квалитетни, долгорочни и корисни политики. Но, не се работи само за политики кои ќе ги пресретнат потребите на младите лица туку и ќе ги следат европските и светските трендови. Кога сме веќе кај Европа ќе ја спомнам Гаранцијата за млади. Нашата земја е водечка во регионот и единствена која не е членка на Европска унија а сепак ја имаме имплементирано“ рече заменик министерот.

Тој истакна дека изминатата година опфатот на мерката бил 19322 лица и дека оваа година се очекуваат уште повисоки бројки.

„Ние, Владата, институциите, креаторите на политики сакаме да им овозможиме на младите поголеми можности па на таков начин да пружиме и отпор на иселувањето на младите и да ги задржиме тука големите квалитети и капацитети на младите лица. Затоа што верувам и знам дека тука во Република Северна Македонија го имаме квалитетот ја имаме и идејата, ние како Влада преку нашите политики и мерки ја даваме и можноста за личен и економски развој на сите чинители во нашето општество“ посочи Хусеин.

 

Заменик министерот во својот говор ја истакна и важноста на Оперативниот план со активни мерки и програми.

„Младите секогаш за мене означувале подобра можност и прогресивни идеи. Затоа на посебно место ја ставам мерката за самовработување од Оперативниот план. Преку оваа мерка ги охрабруваме невработените лица да започнат сопствен бизнис. Тука ги опфаќаме невработените лица до 29 години и морам да спомнам дека тука се вклучени и лицата со попреченост. Преку оваа мерка доделуваме 5000 евра на едно лице и 10.000 евра на содружници“ рече заменик министерот.

На крај тој ги охрабри младите да ги користат мерките коишто ги нуди Владата и ги мотивира да бидат и тие застапени во делот на креирање на политики. Тој посочи дека на  младите останува да покажат интерес додека институциите постојат за да овозможат подобри услови за успех.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

АХВ: Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

0
“Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата...