spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити присуствуваше на Генералното Собрание на ЕТНО

МИОА: Министерот Алити присуствуваше на Генералното Собрание на ЕТНО

Во Скопје се одржуваше 64-та Генералното Собрание на ЕТНО, Европската Асоциација на Телеком Оператори.
Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, во панел дискусијата на ЕТНО, се осврна кон прашањето за телекомуникацискиот сектор во Северна Македонија, вклучувајќи ги успесите и предизвиците на овој сектор.
“Потребата од соработка помеѓу операторите, регулаторите и владата, со цел да се обезбеди ефикасност и ефективност во обезбедувањето супер брз интернет за граѓаните, по пониска цена, што ќе ни овозможи да бидеме уште повеќе конкурентни во зголемувањето на благосостојбата на граѓаните и зајакнувањето на дигиталната инфраструктура.”, рече меѓу другото министерот Алити.
ЕТНО, Асоцијацијата што ги претставува главните даватели на дигитални мрежи и услуги во Европа, се состана во Скопје на годишното Генерално собрание, организирано од главниот телекомуникациски оператор на Северна Македонија „Македонски телеком“.

Прочитајте

Мицкоски: За многу скоро од денес од оваа говорница ќе слушате...

0
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност ќе слушне што се...