spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Заштеда на електрична енергија од 35%, апелира препораките на Владата да...

МОН: Заштеда на електрична енергија од 35%, апелира препораките на Владата да ги почитуваат сите образовни установи

Министерството за образование и наука постигна заштеда на електрична енергија од 35% во месец септември 2022 година, споредбено со истиот месец минатата годна. Овој септември, според доставената фактура од добавувачот на електрична енергија, МОН потрошило 29 илјади и 700 kwh, додека во септември 2021 година се потрошени речиси 46 илјади kwh.

Податоците потврдуваат дека вработените во МОН целосно ги почитуваат и применуваат препораките на Владата за намалување на потрошувачката на електрична и топлинска енергија во периодот од 1 септември 2022 до 31 март 2023 година. Одговорното однесување со кое се заштедува електрична енергија и притоа не се нарушува сервисната функција на институцијата кон граѓаните, ќе продолжи и во следниот период, затоа што тоа е единствениот начин да се придонесе кон напорите на државата за полесно надминување глобалната економска и енергетска криза.

МОН апелира, владините препораки за рационално користење на електричната енергија доследно да ги почитуваат и сите други образовни институции и установи, а особено училиштата и факултетите кои треба да обезбедат континуитет на наставата во форма во каква и започна новата учебна, односно академска година – со физичко присуство на учениците и студентите.

Штедењето на електричната енергија е еден од факторите кој особен во овие вонредни околности на функционирање влијаат на одржливоста на наставата во училниците, предавалните и амфитеатрите, а од друга страна се подигнува стабилноста на енергетскиот систем и се обезбедува доволно електрична енергија за потребите на домаќинствата. Доаѓаат постудени денови и само со одговорно индивидуално и колективно однесување, а тоа значи уште поголеми напори за рационално користење на електричната енергија, ќе можеме да одговориме на предизвиците кои претстојат.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗШВ: Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со...

0
Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за...