Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во Македонски Брод разговараше со градоначалникот на општината Жарко Ристески за проектите што се реализираат во општината.
Министерот Милевски заедно со градоначалникот Ристески извршија увид на проектите кои што се реализираат со финансиска поддршка на Министерството за локална самоуправа и на Бирото за регионален развој преку буџетската програма за рамномерен регионален развој.
-Каналот Песјак за атмосферска и фекална канализација и каналот Лоштица за атмосферска канализација ги решија децениските проблеми со кои се соочуваа жителите, се заокружи колекторскиот систем, се заштити земјоделското земјиште и животната средина како и имотот на граѓаните од надојдените води, рече Милевски.
Министерот Милевски и градоначалникот Ристески го посетија и село Суводол кое е едно од четирите села каде комплетно се модернизираат линиските улици кои од земјени ќе бидат поплочени со павер елементи.