Индекси на прометот во индустријата, септември 2022 годинa

Самостојни органиСамостојни државни органиИндекси на прометот во индустријата, септември 2022 годинa

Најчитано

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 115.4.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 39.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.2 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во септември 2022 година, во однос на август 2022 година, изнесува 112.0, додека во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 116.4.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 110.0.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.3 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 1.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 16.3 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 15.0 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во септември 2022 година, во однос на август 2022 година, изнесува 104.1, додека во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 112.4.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 116.7.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, бележи пораст кај Капитални производи за 40.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.1 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.8 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 12.2 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во септември 2022 година, во однос на август 2022 година, изнесува 113.7, додека во периодот јануари – септември 2022 година, во однос на периодот јануари – септември 2021 година, изнесува 117.2.

 

 

 

Извор: Државен завод за статистика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе