Град Скопје: Завршија јавните повици за субвенционирање на млади од 15 до 29 години за купување велосипеди и електрични тротинети

ОпштиниГрад Скопје: Завршија јавните повици за субвенционирање на млади од 15 до...

Најчитано

„Јавниот повик за субвенционирање на млади од 15 до 29 години, жители на градот Скопје, за купување на еколошки превозни средства велосипеди во 2022 година“
и “Јавниот повик за субвенционирање на млади од 15 до 29 години, жители на градот Скопје, за купување на еколошки превозни средства електрични тротинети во 2022 година, се завршени.
Јавните повици траеа од 06.10.2022 до 15.11.2022 година.
Целта на јавните повици е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје и унапредување на здравјето на луѓето, преку стимулирање на младите од 15 до 29 години, жители на градот Скопје, за користење велосипеди и електрични тротинети, со што би се намалило загадувањето предизвикано од сообраќајот.
Средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, како и во износ од 50% од вредноста на еден електричн тротинет, но не повеќе од 8.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе