УЈП: Преку средби со жени претприемачки до уште поголема соработка со даночните обврзници

ОпштиниУЈП: Преку средби со жени претприемачки до уште поголема соработка со даночните...

Најчитано

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во Куманово се сретна со жени претприемачки, менаџерки и сметководителки од североисточниот дел на државата.

На средбата присутните ја поздравија заложбата на Управата за јавни приходи и пред се на директорката Лукаревска, да се слушнат искуствата и предизвиците со кои секојдневно се среќаваат жените претприемачки при водењето на нивните бизниси. Присутните истакнаа дека секојдневно вложуваат во унапредување на позициите на жената во бизнис заедницата а преку своите делувања контуинирано покажуваат дека се важен сегмент во економијата. Ваквите средби како што појаснија, се добредојдени затоа што помагаат во надминување и решавање на сите отворени прашања и дилеми и овозможуваат да се слушне гласот на даночниот обврзник со цел создавање на фер услови за сите чинители во домашната економија.

Директорката Лукаревска, истакна дека средбите со жените претпиемачки кои ги организира Управата за јавни приходи по повод денот на даночниците се добра можност заедно да се разгледаат предизвиците со кои се соочуваат, и преку транспарентен пристап и преку директна комуникација да се создадат можности за решавање и надминување на препораките кои ќе произлезат од овие средби.

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе