Во Брисел продолжува билатералниот скрининг

ВладаВо Брисел продолжува билатералниот скрининг

Најчитано

Реформата на јавната администрација и поглавјето 32 – Финансиска контрола се на агендата на билатералниот скрининг со Европската Kомисија.

Процесот што го започнуваме со оваа билатерална средба за реформа на јавната администрација е првпат претставен, што само по себе значи важност на ова поле и суштината што ќе произлезе од заклучоците и препораките на самата средба.

Република Северна Македонија е посветена на реформите во јавната администрација, особено со формирањето на Посебната група за реформи на јавната администрација во 2010 година со Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните приоритети, дел од Копенхашките критериуми и важен предуслов во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ.

Модернизацијата и унапредувањето на државата и јавната администрација се постојано важни и се гледаат како основа на целиот јавен сектор од кој зависат процесите и развојот на едно демократско општество.

Реформите за Поглавје 32 – Финансиска контрола се фокусираат на подобрување на транспарентноста и отчетноста преку воспоставување на ефикасна внатрешна јавна финансиска контрола (KBFP) вклучувајќи го принципот на децентрализирана менаџерска одговорност, надворешно и независно ревизорско тело, како и ефективни механизми за заштита на финансиските интереси на Европската Унија.

Нашата делегација ја сочинуваат претставници на клучните институции како што се Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи, Државниот орган за ревизија, Дирекцијата за јавни приходи, Народната банка, Управниот суд, Државната комисија за спречување на корупцијата, Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Генералниот секретаријат на Владата и Секретаријатот за европски прашања.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе