Денес, 12.12.2022 година во просториите на општина Гази Баба, градоначалникот Бобан Стефковски имаше средба со новиот амбасадор на Унгарија во Република Македонија Андраш Клајн.
На средбата градоначалникот го запозна амбасадорот за одличната соработка која општина Гази Баба ја има со Здружението на унгарците во Македонија Теледом, како и за реализираните активности во изминатиот период.
Општина Гази Баба интензивно работи на подготовка на проектна документација за изградба на македонско – унгарски парк во Триангла кој се надеваме ќе го изградиме во заедничка соработка со амбасадата на Унгарија во Република Македонија.
Извор: Општина Гази Баба