spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Континуирано го поддржуваме занаетчиството и создаваме услови за раст на оваа...

МЕ: Континуирано го поддржуваме занаетчиството и создаваме услови за раст на оваа значајна дејност

Министерот за економија Крешник Бектеши присуствуваше на настанот по повод одбележување на јубилеј од 90 години постоење на Занаетчиската комора Скопје.

Министерот Бектеши во своето обраќање истакна дека јубилејот од 90 години јасно покажува колку долго и макотрпно комората се грижи да опстои и да функциионира занаетчиството во Северна Македониај.

„Занаетчиските комори се значајна алка во целиот екосистем, а особено е значајна е нивната улога за афирмација и промоција на занаетчиството, идниот развој на занаетите и унапредувањето на оваа дејност. Министерството за економија во континуитет го поддржува занаетчиството, а тоа го покажуваме и со начионот на водење на политиките и спроведување на мерките кои беа предвидени оваа година. Министерството за економија како надлежно за политиките за занаетчиство континуирано работи на создавање на услови за унапредување на занаетчиството и поддршка на занаетчиите, а тоа го покажуваме и со начинот на водење политики и спроведување на мерки за поддршка на занаетчиството“ кажа бектеши во своето обраќање.

Според министерот како резултат на одличната соработка со занаетчиските комори постигнати се значајни резултати во изминатите години. Особено во изминатите години кои ги одбележаа неколку предизвици почнувајќи од ковид кризата до енергетската криза.

„Министерството за економија  и Владата на РСМ континуирано во соработка со коморите успеа да обезбеди поддршка за занаетчиите вклучувајќи ги во сите пакети антикризни мерки за време на ковид кризата.  Се реализираше намалувањето на стапката на ДДВ од 18 на 5% за определени занаетчиски дејности, занаетчиите добија пристап до бескаматни финансиски средства од Македонската развојна банка, а како одговор на енергетската криза за определени занаетчиски дејности од прехрамбената индустрија обезбедивме право на повластена цена на електрична енергија.  Поддршката за занаетчиите и занаетчиските комори е редовно дел од Програмата за претприемништво и конкуретност на МСП,  при што финансиските средства за поддршка од година во година бележат раст, а секако и бројот на поддржани занаетчии.

Министертвото за економија и 2023-та обезбедува субвенционирање на занаетчиите за набавка на опрема и алати, се предвидени рекордни 5.000.000 денари“ кажа министерот и додаде дека , Министерството обезбеди средства во буџетот за 2023-та за поддршка на занаетчиските комори за имплементација на проекти кои ќе бидат во насока на јакнење на капацитетите на занаетчиите преку организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми, учество и организирање на промотивни активности (саеми) како и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занаетчискиот бизнис.

 

 

 

Извор: Министерство за економија 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...