spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕ: Континуирано носиме мерки за непречено и безбедно снабдување со енергенси и...

МЕ: Континуирано носиме мерки за непречено и безбедно снабдување со енергенси и граѓаните и бизнисот

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, оствари работен состанок со компании –членки на Стопанска комора на Северна Македонија.

Состанокот го водеше Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија, а свое излагање имаше и Кочо Анѓушев, претседател на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) во рамки на Стопанската комора.

На состанокот беа разменети ставови, мислења и предлози околу справувањето со енергетската криза, за состојбата со снабдување  со енергенси, како и очекувања за движење на цената на елекричната енергија на берзите. Тема на разговор беа и ефектите од донесените одлуки и мерки на Владата.

Министерот Бектеши кажа дека Владата во изминатиот период од почеток на енергетската криза континуирано носи мерки за непречено и безбедно снабдување со енергенси за домаќинствата и малите потрошувачи.

Министерот ги информираше компаниите дека по последната најава за пекин на снабдувањето со гас од дистрибутерот Макпетрол, се превземаат мерки за да се обезбеди непречено снабдување со природен гас и за потребите на топланите, но и за потребите на компаниите кои го користат овој енергенс.

„Разговараме за изнаоѓање на решение за за дистрибуција и снабдување на гас за граѓаните и бизнисот“ кажа министерот Бектеши.

Министерот исто така информираше дека се прават пооследните калкулации за цената на електртичната енергија за регулираниот пазар од почетокот на следната година и уште еднаш кажа дека нема да има драстрично зголемување на цената на струјата кај домаќинствата, а кај малите потрошувачи може да има и намалување на цената на електричната енергија.

Министерот изрази задоволство од големиот интерес за изградба на фотонапонски центарли од страна на компаниите за сопствена употреба, и кажа дека има зголемен инетрес и од страна на домаќинствата за поставување на фотоволтаични панели.

“Има голем интерес д страна на инвеститорите за инвестиции во фотонапонски централи. Тоа ќе значи зголемено производство на електрична енергија од обновливи извори, што беше и наша цел“ кажа Бектеши и потенцираше дека и во наредниот период Министерствотоз а економија и Владата ќе продолжи да работи на олеснување на постапките и процедурите за реализација на инвестиции во зелена енергија.

Компаниите на средбата понудија свои предлози за поддршка поради скапите енергенси за што беше договорено во следниот период да достават конкретни предлози до надлежните  институции.

 

 

 

 

Извор: Министерство за економија

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....