spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Голема акција за пошумување – засадени 40.000 садници!

МЗШВ: Голема акција за пошумување – засадени 40.000 садници!

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Национални шуми во соработка со Мен енд Маунтен заедно со Пивара Скопје, Пакомак и Министерството за животна средина и просторно планирање успешно ја заокружија соработката потсетувајќи ги граѓаните и институцииите дека само со заеднично делување може да се подобри квалитетот на животот и да се допринесе кон одржиилва животна средина.

Во изминатите два месеци, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство заедно со  Национални шуми, волонтерите на Пивара Скопје и локалното население засадија околу  40.000 дрва – 10.000 дрвја во Ќојлија (Петровец) и 30.000 дрвја во Велес, во близина на езерото Младост. Акцијата за пошумување на шумските насади наречени „СОНЧЕВА ГОРА,“ беше дел од ветувањето кое беше дадено оваа пролет од Пивара Скопје, Мен енд Маунтен и Пакомак поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање, по акцијата за чистење на отпад – „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022“ – за секои 10 килограми отпад што ќе се соберат, да се посади по едно дрво. Еко-акцијата беше спроведена во 26 општини ширум земјата, а во неа учествуваа над 8000 волонтери, со што заслужено го доби приматот – најмасовна еколошка акција коja досега била спроведена во нашата земја.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја поздрави акцијата и ја истакна важноста на ваквите акции и заложбата за заеднички придонес кон подобрување на квалитетот на живот во нашата држава. „Драго ми е што после ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД, ова е прва од десетте вакви акции кои ќе следат. Тука сме да дадеме максимална поддршка, но воедно и да ги поттикнеме сите заедно да се приклучат. Зелената транзиција е еден од петте приоритети на Министерството, нашата цел и фокус е да го промениме начинот на размислување, навиките, но и да дадеме поддршка на она што значи живот. Секое едно дрво значи живот!“ изјави министерот Љупчо Николовски.

Генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ го изрази своето задоволство за неверојатниот успех и позитивни резултати од оваа акција и повика на уште поголема масовност во акциите што следат. „Горд сум на сите волонтери и Пиварци кои беа дел од оваа акција и им честитам од срце за постигнатиот успех! Заедно со нашите партнери посадивме 40.000 дрвја. За Пивара Скопје, ова е исклучително важно бидејќи ни помага да ги споиме двете најважни стратешки иницијативи – „Свет без отпад“ и сета посветеност која ја имаме за намалување на CO2. Ја користам оваа прилика да ги повикам сите наши партнери да ни се придружат и заедно да ја направиме нашата земја уште подобро место за живеење,“ вели генералниот директор Горан Сладиќ.

Поздравувајќи ја иницијативата Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, им го честита успехот на организаторите на големата еко акција: „Трансформација на приближно 400 тони собран отпад во дрвни насади и со тоа создавање на „СОНЧЕВА ГОРА“ е видлив бенефит за сите! Ова е одличен пример како правилниот однос кон отпадот, волјата да се собира и рециклира, вклучувајќи иновативен пристап и креативност, од отпадот од минатото може да се гради зелена иднина“ истакна министерот Нуредини.

Целта на „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ и „СОНЧЕВА ГОРА“ е да се исчисти земјата од отпадот на минатото и да се рециклираат во зелена иднина во следните десет години – од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата земја. „Сите слоеви на општеството надвор од сите етнички, социјални и политички граници ги здружуваат силите за да направат одржлива промена во начинот на кој постапуваме со нашата животна средина и управувањето со отпадот. Горди сме на сите луѓе во нашата земја, кои избраа да ја направат вистинската работа: чување и грижа за нашата земја со цел градење иднина за нас и за генерациите што доаѓаат“, споделија Гордана Софија и Ханес Јаецкл од Мен енд Маунтен.

Целокупната неопходна инфраструктура за собирање, селекција и соодветен третман на отпадот ја обезбеди Пакомак. „Денешната акција е добар пример визуелно да се прикаже циркуларноста на отпадот. На секои 10 килограми отпад што ги собравме изминатиот период, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донираше по едно дрво кое денеска го садиме. Ова е уште еден доказ дека со селекција на отпад и правилно управување со истиот можеме да придонесеме за позелена планета, “ вели Филип Ивановски, Извршен директор на Пакомак.

ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 22 се заокружува со пошумување на “СОНЧЕВА ГОРА 2022“ со приближно 40.000 садници, еквивалент на вкупниот отпад од приближно 400 тони, собран во 2021 и 2022 година. Организаторите изразија огромна благодарност до волонтерите кои несебично одвоија дел од своето време, ги „засукаа“ ракавите и ги извалкаа рацете, сè со цел да покажат дека чистата животна средина зависи од секој поединец!

Со нови сили и уште поголема мотивација продолжувуваме заедно кон остварување на целта, а тоа е 2031 – чиста и зелена земја.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

АХВ: Неконтролираната употреба на антибиотици е мултисекторски проблем

0
“Рационалната и контролираната употреба на антимикробните средства е прашање од исклучителна важност за сите нас, почнувајќи од примарното земјоделско произвоводство. Водењето сметка за употребата...