Првото родено бебе во 2023 година, жител на општина Гази Баба е женско, а Сања Макариовска од населба Хиподром е мајка на девојчето кое вчера наутро се роди на Универзитетската клиника за Гинекологија и акушерство.
Денес градоначалникот Бобан Стефковски ги посети на клиниката и им подари ваучер во вредност од 20.000 денари за првородено бебе во годината од општина Гази Баба.
Извор: Општина Гази Баба