Град Скопје: Честитка по повод Богојавление-Водици

ОпштиниГрад Скопје: Честитка по повод Богојавление-Водици

Најчитано

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска, денеска упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, до свештенство и монаштво, како и до сите православни верници во Македонија и дијаспората по повод големиот христијански празник – Богојавление Водици.

По повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици, симболот на духовното раѓање и спасението, градоначалничката Арсовска присуствуваше на положувањето на светиот Крст во водите на реката Вардар на Мостот Слобода, кој денеска по трет пат успеа да го фати Христијан Ниневски на кој Градот Скопје пожелувајќи му успех и среќа традиционално му додели златник и икона.

„Ви го честитам големиот христијански празник Богојавление – Водици и посакувам спокој, добро здравје и радост. Да ги негуваме хуманоста и солидарноста, да живееме во разбирање и слога, со грижа и внимание за секој. Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление- Водици! Бог се јави!“ – рече Арсовска.

 

 

Извор: Град Скопје 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе