Ние како Министерство за информатичко општество и администрација и јас како министер, одговорни за законите поврзани со медиумите, најостро ги осудуваме заканите упатени кон вработените во телевизија Канал 5 од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук”.
Како земја која се залага за европски вредности и влез во Европската Унија, мораме да создадеме соодветна клима новинарите да ги извршуваат своите должности и функции без пречки.
Ваквите закани врз медиумските работници не придонесуваат за развојот на демократијата и толеранцијата.
Бараме ургентно од сите надлежни органи да ги преземат потребните мерки и да го истражат и расветлат случајот до крај.
Виновниците да ја добијат заслужената казна и ваквите случаи никогаш повеќе да не се повторат.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација