Денеска директорот на Агенција за млади и спорт Наумче Мојсовски заедно со градоначалникот на општина Пробиштип Драган Анастасов присуствуваа на отворањето на новиот младински центар во Пробиштип!
Од донесување на Законот за младинско учество и младински политики, досега отворени се пет младински центри во Куманово, Кавадарци, Велес, Охрид и денес во Пробиштип.
Агенцијата за млади и спорт за потребите на овој Центар обезбеди опрема, работни бироа, конференциски столчиња, работни столчиња, лејзи бег, полици, преносни компјутери и принтер – скенер.
Останатата опрема и просторот за функционирање го обезбеди општината Пробиштип, дополнително со буџетски средства за функционирање и спроведување на годишната програма на младинскиот центар.
За развој на младинските идеи од кои произлегуваат низа проекти, предлози за подобри услови за младите во образованието и за професионално остварување , потребен е простор како во општеството, но и во форма на катче каде заеднички ќе ги вкрстат своите мислења.
Самиот изглед на овој младински центар, говори за креативноста на младите и желбата да бидат вклучено повеќе во креирањето на политиките кои се однесуваат на нивната иднина.
Извор: Агенција за млади и спорт