spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Јавен повик за учество на семинар: Заедно! – Инклузивна училница и...

НАЕОП: Јавен повик за учество на семинар: Заедно! – Инклузивна училница и дигитално поддржано учење

18 – 21 април 2023 година,

Микели, Финска

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во соработка со Националната агенција од Финска, објавува јавен повик за поддршка за учество на 1 учесник на транснационалната активност во полето на образование и обука на тема  Заедно! – Инклузивна училница и дигитално поддржано учење

Оваа активност има за цел промовирање на поттикнувачки идеи како да се користи ИКТ како алатка во основното и првите години од средното образование за да се подобри учењето во инклузивни училници во автентични процеси на учење базирани на проекти. На семинарот ќе бидат претставени начини за користење на технологијата како алатка во социјално-емоционалното образование и создавањето дигитална содржина, Семинарот ќе ги прикаже методите што се користат во основното и средното образование во однос на дигиталните алатки и педагогијата и ќе им понуди можност на наставниците и образовните експерти да разменат мислења и одредени искуства на оваа тема.

Семинарот има за цел да ги запознае учесниците со мислата дека дигиталната компетентност е право на секој ученик и  како ИКТ може да се користи за самоизразување, креативност, заедништво и критичност на учениците. На  семинарот ќе се презентираат пристапи во кои учениците активно и автентично учествуваат во нивното учење преку различни видови дигитални алатки, платформи и интеракција лице в лице со врсниците. Исто така, ќе бидат презентирани и идеи за поддршка на инклузивно, персонализирано и позитивно образование во пракса

Планирана е и сесија посветена на вмрежување и олеснето планирање на идната соработка во контекст на програмата Еразмус+. Вклучувањето и различноста се еден од клучните приоритети на програмата Еразмус+ и имајќи го ова предвид, семинарот има за цел да го поддржи започнувањето на нови мрежи и проекти за овој приоритет, како и да ги промовира можностите поврзани со финансирањето, особено обезбедени во рамките на мобилноста Еразмус+ проекти.

Очекуваните резултати од семинарот се учесниците да стекнат нови знаења, идеи, методи, вештини и мотивација за спроведување на инклузивна настава поддржана од ИКТ алатки.

Учесниците ќе воспостават мрежи и ќе најдат партнери за можности за транснационална соработка понудени од програмата Еразмус+.

Целна група на семинарот се дефектолози, одделенски раководители и предметни наставници во основното и од средното образование (ученици од 6-15 години) и раководители на училишта од такви образовни институции.

Деталната програма на семинарот во пдф формат е достапна на платформата САЛТО за оваа соодветна транснационална активност за соработка.

ТРОШОЦИ ЗА НАСТАНОТ:

Семинарот ќе се реализира во периодот од 18 – 21 април 2023 година (18 април е ден на пристигнување, 21 април е ден на заминување)

Принципот на покривање на трошоци е следниот:

  • Организаторот ќе ги покрие трошоците за: обука, сместување и соодветен број на оброци.
  • Патните трошоци  се покриваат од Националната агенција која испраќа учесници (во овој случај НА MK01);

Самиот учесник (индивидуално) учествува со 5% од висината на патниот билет (во вид на: билет за локален транспорт, патничко осигурување, ПЦР тест)

Организаторот работи во согласност со протоколите од моменталната ситуација со КОВИД-19. Активностите планирано е да се одржат во Микели, Финска во периодот од 18-21 април 2023 година. Доколку ситуацијата со КОВИД 19 влијае врз патувањето, организаторите ќе ги разгледаат опциите за организирање на активноста хибридно или онлајн.

Крајниот рок за поднесување на апликации е 03.02.2023 година.

Форма за аплицирањеhttps://salto-et.net/events/show/FI01_0438_THO_2022

Забелешка: Известени и контактирани од страна на домакинот – организатор на транснационалната активност ќе бидат само избраните учесници.

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Ѓорче Петров: 40.000 садници засадени за зелена општина

0
Општина Ѓорче Петров спроведе масовна акција за пошумување во атарот на село Кучково, со која се опфатени опожарените површини од пред неколку години....