Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со трговскиот пратеник за Западен Балкан на премиерот на Обединето кралство, Риши Сунак, господинот Мартин Викерс, на која дискутираа за можностите за продлабочување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство.
Г-дин Викерс кој на средбата беше придружуван од неговата помошничка г-ѓа Џули Вонг, амбасадорот на Велика Британија, Метју Лосон, заменик-шефот на мисијата г-ѓа Џулија Смит и г-дин Никола Стојановски директор на Одделот за меѓународна трговија, ја искажа подготвеноста на неговата земја за поддршка и финансирање проекти во енергетскиот сектор, особено во обновливата енергија, но и во патната и железничката инфраструктура во земјата.
Вицепремиерот Битиќи му се заблагодари на господинот Викерс за поддршката која Обединетото Кралство во континуитет и ја дава на земјата од нејзиното осамостојување , и додаде дека му претставува особена чест од искажаниот интерес на Обединетото Кралство за инвестиции во енергетскиот сектор и во патната и железничка инфраструктура, како земја со големо искуство и потврдени позитивни резултати во горенаведените сектори.
Извор: Влада