Градот Скопје ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните во континуитет, која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура.
Со целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата За модерно Скопје.
Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9750м2, со нови рабници и тротоари во должина 1.100 метри, предвидено е нивелирање на шахти и сливници. За граѓаните од овој дел на градот, се подигнува ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.
Извор: Град Скопје