spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Одржан состанок со Независниот синдикат на пожарникарите

Град Скопје: Одржан состанок со Независниот синдикат на пожарникарите

Градоначалничката на градот Скопје Денела Арсовска, одржа работен состанок со претседателот на Синдикатот на пожарникарите, Тони Бошковски и генералниот секретар на Независниот синдикат на пожарникарите на Македонија Боби Вељаноски, на кој се разговараше за унапредување на условите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, за обуки и опрема за пожарникарите кои се неопходни за зголемување на нивната подготвеност за интервенции, како и за бројни други мерки неопходни за подобра функционалност.

 

Пожарникарите се хероите на нашиот град, кои секогаш будно следат и брзо делуваат во заштита на нашата безбедност и сигурност. Правата на припадниците на бригадата се унапредија минатата година со исполнување на барањето бодувањето од правилник за утврдување на коефициент на плата, да се трансформира во бодување во колективниот договор, со што се заштитија законските права на скопските пожарникари.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...