Делегација предводена од заменик градоначалникот на градот Теслиќ во Република Српска, Борислав Тесиќ вчера беше во посета на општина Кисела Вода.
На средбата со градоначалникот Ѓорѓиевски, се проговори за предизвиците и можностите на двете локални самоуправи, а беа дефинирани и сферите во кои ќе отпочне понатамошната соработка. Како прв чекор кон збратимувањето на Кисела Вода и Теслиќ, е потпишувањето на меморандум за соработка, преку кој треба да донесе културен и економски бенефит за жителите од двете општини.
-Оваа срдечна средба е од голема важност, бидејќи ќе резултира со збратимување на нашите општини и можност за понатамошна соработка во сферите кои се од заеднички интерес.
Разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат двете општини и нашите сограѓани, а подетално се запознавме со сличностите но и разликите во раководењето и поставеноста на локалните самоуправи во Република Македонија и Република Српска.
Прв чекор кон ова ново партнерство ќе биде потпишување на меморандум за соработка, кој со сигурност ќе има културен, бизнис и економски бенефит за жителите од двете општини.
Благодарен сум за интересот и можноста, уште повеќе за тоа што сега за нашата Кисела Вода се зборува во суперлатив и стекнуваме пријателства кои во иднина ќе ги негуваме и продлабочуваме-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по повод денес остварената средба.
Извор: Општина Кисела Вода