Министерствотo за животна средина и просторно планирање информира дека во Службен весник бр. 27 од 8.02. 2023г. и бр. 29 од 9.02.2023 година се објавени Програмите на Министерството за животна средина и просторно планирање за 2023 година, што Владата на Република Северна Македонија ги донесе на 123-та тематска седница:
Годишна програма за финансирање на изработка на Просторен план на Република Северна Македонија за 2023 година. Средствата за реализирање на оваа програма се со вкупен износ од 56 милиони денари;
Годишна програма за финансирање на управувањето со посебни текови на отпад за 2023 година. Средствата за реализирање на оваа програма се со вкупен износ од 120 милиони денари;
Програма за инвестирање во животната средина за 2023 година. За реализирање на оваа програма се обезбедуваат средства во износ од 232 милиони денари;
Програма за заштита на природата за 2023 година со којаќе се рeализираат активности за унапредување на заштитата на природата во Република Северна Македонија преку имплементација на целите опредeлени во Националната стратегија за заштита на природата со Акциoнен план (2017-2027). За програмата се обезбедени средства во висина од 64.902.439,00 денари;
Програма за колекторски систем Охрид и Струга за 2023 година. За реализирање на оваа програма се обезбедуваат средства во износ од 40,4 милиони денари.
Програмите се достапни тука:
Програма за инвестирање во животната средина 2023
Програма за заштита на природата 2023
Програма за просторни планови 2023
Програма за посебни текови на отпад 2023
Програма за колекторски систем 2023
Извор: Министерство за животна средина и просторно планирање