Градот Скопје отпочна со проектирање на два важни проекти ветени во програмата За модерно Скопје, за изградба на нов кружен тек и булеварско решение на “Македонска Војска” во Ѓорче Петров. Нов кружен тек на важната крстосница под надлежност на Град Скопје меѓу булевар “Македонска војска“ и улица „Ѓорче Петров“ е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните кое досега не е ниту отпочнато со реализација.
Со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж на оваа раскрсница, а воедно ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Со проектот планирана е изградба на кружен тек и коловозна површина од 11.700 метри квадратни, изградба на нова велосипедска мрежа од 2.700 метри квадратни и пешачка патека од 4.100 метри квадратни.
Важно е континуирано да се подигнува и ново зеленило, садници и партерно уредување, затоа предвидена е нова зелена површина на 2000 метри квадратни, со соодветно јавно осветлување и водоводна мрежа. Градот Скопје ги реализира проектите од програмата која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура.
Извор: Град Скопје