Комисијата за унапредување на правата на пациентите на Град Скопје одржа прес-конференција на која ја информираа јавноста дека своите проблеми во oстварувањето на здравствената заштита може да ги пријавуваат во Комисијата која е повторно формирана и функционална за граѓаните.
По претставувањето пред медиумите, Комисијата одржа редовен состанок со кој раководеше претседателот д-р. Никола Пановски, а беа присутни и членовите Ромир Јашаревиќ, Катерина Јовановска, Весна Дамеска, Петар Атанасовски, Анета Георгиевска, Душко Ѓорѓиев, Весна Марковска и Бранкица Дуковски.
На состанокот се дискутираше за теми од надлежност на Комисијата, а беше заклучено дека секој пациент кој смета дека му е прекршено одредено право, може да се обрати кај Комисијата. Исто така, Комисијата ги охрабрува граѓаните да поднесуваат претставки со цел решавање на нивните проблеми.
Извор: Град Скопје