spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМаричиќ: 30 години членство во ООН – нашата генерација има обврска да...

Маричиќ: 30 години членство во ООН – нашата генерација има обврска да ја заокружи македонската интеграција со членство во ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ по повод триесет години од членството на Северна Македонија во Организацијата на обединетите нации на порача дека оваа генерација има обврска да ја заокружи македонската интеграција во Европската Унија.

– Денес одбележуваме три децении членство во Обединетите нации како држава членка на НАТО и земја која ги започна преговорите со Европската Унија. Тоа и нè обврзува да ја задржиме динамиката на евроинтеграциите и да ја завршиме македонската интеграција во големото европско семејство, стои на Фејсбук објавата на вицепремиерот Маричиќ.

Тој вели дека заложбата за подобар свет, во кој владеат мирот, стабилност, толеранцијата, солидарноста, Северна Македонија ја прави пример за дипломатија и дијалог.

– 30 години сме етаблирана држава на меѓународната сцена, со признаена култура, посебност и идентитет. Остануваме посветени на нашите клучни цели и вредностите на Обединетите нации, како одржувањето на меѓународниот мир и безбедност, унапредување на човековите права, зајакнување на социјалниот и економскиот развој, посочува Маричиќ.

Вицепремиерот и главен преговарач со ЕУ пишува дека со говорот во ООН во 1993, тогашниот претседател Глигоров ги зацрта стратешките цели и приоритети на државата, и побара сите „заеднички да застанеме пред предизвиците и да ги направиме можност за брзо да напредуваме во преговорите со ЕУ, а Северна Македонија да ја направиме рамноправен партнер со земјите членки на ЕУ“.

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...