spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаЦентар: Герасимовски за РСЕ - Во општината подготвуваме нови локални иницијативи

Центар: Герасимовски за РСЕ – Во општината подготвуваме нови локални иницијативи

Конфискација на нелегално изградените објекти и ставање во функција на граѓаните, ова е главната поента од викенд интервјуто на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски за Радио Слободна Европа.

За целосно отстранување на објектите се потребни големи средства, кои општините ги немаат. Герасимовски ја претстави Иницијатива за регулирање, конфискација и ре-употреба на бесправно изградени објекти на седницата на ЗЕЛС, каде од Управниот одбор доби едногласна поддршка, пред сѐ затоа што речиси сите општини се соочуваат со истиот проблем.

Градоначалникот Герасимовски во интервјуто дискутираше и за Иницијативата која општината ја поднесе до ЗЕЛС минатата година, а се однесува на Законот за градежно земјиште, односно делот за дооформување на градежните парцели.

„Законската можност е доколку поседувате 30% од земјиштето, да ја дооформите парцелата со останатите 70%. Гледајќи го тоа и ветувајќи го во предизборието, баравме начини како да го заштитиме државното земјиште и да не го распродаваме. Направивме предлог иницијатива да се смени таа бројка и доколку имате сопственост 70%, да можете да ги дооформите и останатите 30%“, појаснува градоначалникот Герасимовски.

Иницијативата е доставена до ЗЕЛС, од таму е доставено и до Министерството за транспорт и врски, додава Герасимовски и вели дека на состанокот кој ќе го има со министерот Благој Бочварски во наредните денови, покрај Иницијативата за конфискација, ќе ја дискутира и иницијативата за 70-30.

„Во моментов се подготвуваат и други иницијативи од страна на општината. Ги согледуваме проблемите со кои се соочуваме на терен и со кои се соочуваат и самите граѓани. На пример, на пострмните делови, како на Водно, имаат законска можност квотата да се земе од долната улица а висината е 5+2 ката од горната улица, па тие почнуваат да градат од долу и добиваат плус дополнителни неколку спрата, што го оштетува самото земјиште и околината, а станува збор за стрмно земјиште. Водно знаеме колку е изградено, знаеме со што се соочуваме и во моментов бараме начин преку иницијатива како да го заштитиме“, изјавува Герасимовски.

Дополнително, поради големиот број на возила во општината и проблемот со паркирањето, на иницијатива на градоначалникот Герасимовски, Советот ја донесе Одлуката за доуредување на начинот на обезбедување паркинг места во рамките на градежна парцела со употреба на механизирани паркинг системи.

„Со оваа одлука, при издавање дозвола за градба, покрај тоа што има задолжителен паркинг простор во самата парцела, сакаме да ги отстраниме оние непопуларни ‘клацкалки’ за паркирање, коишто не се изведуваат на лице место. За жал, не сите инвеститори ги изведувале на времето и се соочуваме со проблеми со паркирањето, односно дел од тие возила остануваат на улиците. Ја размислуваме можноста за иницијатива да при купување на стан задолжително влезе и цената на паркинг простор, односно да секој сопственик на станбена единица во зграда, при купување на станот, да мора да има и паркинг место под зграда“, смета Герасимовски.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...