spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Телефонски разговор Османи - Кулеба

МНР: Телефонски разговор Османи – Кулеба

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.

Во рамки на разговорот, Османи информираше за одлуката Северна Македонија да се приклучи кон Основачката група за формирање Специјален трибунал за казнивост на кривичното дело агресија против Украина.

“Ваквиот чекор претставува уште една потврда за нашата континуирана поддршка за Украина во борбата за правда, слобода и споделените демократски вредности. Руската агресија мора што поскоро да престане, а извршителите на воените злосторства мора да бидат изведени пред лицето на правдата.” – нагласи Османи.

Воедно, Османи ја реафирмираше нашата цврста и бескомпромисна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, притоа упатувајќи силна осуда за руската воена инвазија.  Во тој контекст, истакна дека Северна Македонија има преземено низа чекори и мерки како одговор на руските воени дејствија, нагласувајќи ја и поддршката за украинскиот народ во справување со предизвиците од руската агресија.

Дополнително, стана збор и за активностите во рамки на претседавањето на Северна Македонија ОБСЕ, како и за актуелните безбедносни состојби во Украина и европскиот континент.

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...