Врз основа на член 50 став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/02), а во врска со Програмата за образование за 2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр. 17/22), Градоначалникот на Општина Центар-Скопје објавува
КОНКУРС
за доделување награди за најдобри наставници
од одделенска и од предметна настава и стручни соработници
за учебната 2022/2023 година
Општина Центар-Скопје секоја година доделува награди и пофалници за најдобрите наставници и стручни соработници од општинските основни училишта што се на нејзина територија, во согласност со Програмата за образование.
Настанот традиционално се одбележува по повод Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј, а наставниците се наградуваат со паричен износ и со пофалници, како дополнителен мотив за натамошна креативна работа во воспитно-образовниот процес.
Право на учество на Конкурсот имаат:
- Наставници/наставнички од одделенска и предметна настава и стручни соработници што се во редовен работен однос, со минимум три години работно искуство;
- Предлозите за наставниците и стручните соработници може да ги даде Наставничкиот совет (вкупно тројца кандидати од секое училиште), исто така, на конкурсот може самоиницијативно да се пријават сите што ги исполнуваат предвидените критериуми;
- При пријавувањето на Конкурсот за кандидатите треба да се достави професионално досие;
- Право на учество на Конкурсот имаат наставници и стручни соработници што не се наградувани во претходните три години;
- Изборот на најдобар одделенски, предметен наставник и стручен соработник го врши тричлена комисија формирана од Градоначалникот.
Документацијата на кандидатите се доставува до Архивата на Општина Центар-Скопје, барака 6 од 2.5.2023 до 10.5.2023 година од 9 до 15 часот.
Извор: Општина Центар