Пуштено во употреба првото детско игралиште во населбата Јака во општина Илинден. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, пристапна патека, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети детското игралиште и истакна дека конечно и децата од населбата Јака добија место за игра и забава. Најмладите од овој дел на општината имаат ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра и забава.
Новото детско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината.
Извор: Општина Илинден