spot_img
spot_img

МВР: Кривична пријава за примање поткуп

МинистерстваМВР: Кривична пријава за примање поткуп

Најчитано

Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против М.С.(24) с.Волково, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, казниво по член 357 од Кривичниот законик.

Пријавената, вработена во Министерството за одбрана, од друго лице, исто така, вработен во Министерството за одбрана, побарала и примила поткуп во износ од 2.400 евра за да му среди да биде избран на курсот за офицери кој бил објавен во март 2023 година.

 

Имено, по објавување на ранг листата, каде оштетеното лице не било добро рангирано, пријавената остварила контакт со него и му ветила дека може да му помогне да ги исполни условити од конкурсот, но за возврат ќе треба да ѝ ги даде парите кои наводно биле за трето лице кое ќе посредувало за неговото унапредување. Таа била лишена од слобода вчера во Скопје веднаш откако ги земала парите од лицето и во координација со јавен обвинител ѝ е поднесена пријавата. Додека, од страна на Судија на претходна постапка определена ѝ е мерка 30 дена домашен притвор со забрана на комуникација.

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе