Во тек е акција на службите на општина Карпош за поставување „Репелент“ – средство за превенција, односно заштита од змиите. Станува збор за природен производ кој е безопасен за луѓето, животните и околината, којшто придонесува за намалување на појавата на влекачи. Појавата на влекачи во овие делови е резултат на покачените температури во скопската котлина, како и распространетата вегетација.
Оваа ситуација е карактеристична за повисоките места во општината, како што се Жданец и Трнодол и населби кои граничат со шумско подрачје.
Ова ефикасно средство содржи екстракција на етерични масла од тревки и дрвја, а дејствува на тој начин што шири мирис на свеж оган, при што ги одбива змиите да се приближат до одредена површина.
Извор: Општина Карпош