spot_img
spot_img

АПЈ: Каде што има книги, има и знаење. Темите кои се обработуваат во шестата недела од обуката во АПЈ во основа ги имаат преведувачките вештини

Самостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Каде што има книги, има и знаење. Темите кои се обработуваат...

Најчитано

Во просториите на Агенцијата за примена на јазикот започна шестата недела од обуката за преведувачите и лекторите на министерствата и јавната администрација, со предавања на двајца познати професори од Албанија, проф. д-р Џеват Лоши и Д-р. Доријан Кочи.

Проф. д-р Џеват Лоши, јазичар и постар научен соработник, како и еден од составувачите на Речникот на современиот албански јазик ќе предава на тема „Стилистика“. Д-р Доријан Кочи, истражувач и добар познавач на историјата, ќе одржи предавање на тема „Превод на текстови за уметност и хуманистички науки“.

Проф. д-р Џеват Лоши во интервју посочи дека во своето предавање ќе ја елаборира вештината на преведувањето, која доаѓа од други научни дисциплини. „Денес не комуницираме со реченици, луѓето комуницираат со изреки, со текстови, затоа преведувачот како специјалист нема смисла да преведува реченици од еден на друг јазик, туку да преведува текстови од еден на друг јазик.

Д-р Доријан Кочи, меѓу другото, рече: „Подготвени сме да ви ја понудиме вистинската помош за се што им е потребно на јавните административци на вашите институции“.

На средбата што директорот на АПЈ, Ардијан Муслиу, ја имаше со истакнатите професори, тој побара од нив, надвор од предвидените обуки, да продолжат со стручната помош за поддршка на АПЈ, во неговата историска мисија на двојазичност во РСМ. Професорите ветија безрезервна поддршка.

Обуката на преведувачи и лектори во АПЈ ќе продолжи поделена во неколку групи два последователни дена.

 

 

 

Извор: Агенција за примена на Јазикот што го зборуваат најмалку 20 %од граѓаните 

spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
[td_block_ad_box spot_img_horiz="content-horiz-center" media_size_image_height="1000" media_size_image_width="1000