spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Кампањата на EFSA за подигнување на јавната свест за болеста африканска...

АХВ: Кампањата на EFSA за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите на МТВ

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите #StopASF, која во земјава ја спроведува АХВ под покровителство на Агенцијата за безбедност на храната на Европската унија –  EFSA, учествуваше во утринската програма на  Македонската телевизија – Македонија наутро.

Тој говореше за текот на кампањата чиј носител на национално ниво е Агенцијата за храна и ветеринарство, како и за идните планови за информирање и едукација за болеста африканска чума кај свињите, кои АХВ ќе ги намени за комерцијалните и индивидуалните фармери, докторите по ветеринарна медицина и ловците.

 

"Кампањата на EFSA за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите промовирана на МТВ" 

Освен во Република Северна Македонија оваа кампања чие мото е „Откриј, спречи, пријави“ случаи на АЧС кај домашните и дивите свињи, се спроведува и во 18 држави во Европа.

Емисијата можете да ја погледнете на следната [врска]

 

 

Извор: Агенција за храна и ветеринарство 

Прочитајте