spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Алиу - Програмата Дигитална Европа ќе ги приближи дигиталните технологии кон...

МИОА: Алиу – Програмата Дигитална Европа ќе ги приближи дигиталните технологии кон бизнисите, граѓаните и јавната администрација

На денешниот брифинг со новинарите, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу информираше за тековните активности на МИОА, во насока на професионализација на администрацијата, интензивно спроведување на реформите согласно европските стандарди и дигитализацијата како врвен приоритет, во служба на граѓаните.

Посебен акцент на средбата беше ставен на исклучителниот настан во Брисел минатата недела, кога министерот Алиу го потпиша договорот со ЕУ за програмата „Дигитална Европа (2021-2027)“ .

 

Министерот истакна дека во Брисел е постигнат договор со кој четири земји од Западен Балкан, меѓу кои и Северна Македонија, ќе се приклучат на програмата за Дигитална Европа, што отвора одлични можности за граѓаните, јавните институции или различни организации да учествуваат во проекти, при што планираниот вкупен буџет изнесува 7,5 милијарди евра.

,,Развојот на проекти од областа на вештачката интелигенција, дигиталната обука, создавањето соодветни услови и широката употреба на дигиталната технологија ќе ја доближат Северна Македонија до Европа. Дигиталната агенција, која е еден од главните столбови на нашата влада, сега ќе биде поддржана и од програмите на ЕУ“, истакна министерот Алиу.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...