spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: ЗМ Бајдевски претседаваше со единаесеттиот состанок на Секретаријатот за реформа на...

МИОА: ЗМ Бајдевски претседаваше со единаесеттиот состанок на Секретаријатот за реформа на јавната администрација

Секретаријатот за реформа на јавната администрација на 29.06.2023 година го одржа единаесеттиот состанок кој што се реализираше во просториите на Клуб на пратеници.
Состанокот го отвори заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски  кој е раководител на Секретаријатот, а учествуваа членовите на Секретаријатот.
На состанокот се презентираше Информацијата за новата Стратегија за реформа на јавна администрација 2023 – 2030 со акциски план.
Петтиот годишен извештај за имплементација на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018 – 2022) за 2022 година, беше разгледуван од присутните.
Реализацијата на мерките и активностите, и реформите предвидени во Стратегијата претставува континуиран процес кој е и еден од предусловите на патот кон Европската Унија.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...