Заменик Министерот за транспорт и врски Беким Реџепи беше во општина Дебар на увид во работите на проектот за реконструкција на уличната мрежа во населбата Венец 1.
Нашата посветеност како Влада и министерство за транспорт и врски да обезбедиме подобри услови за живот на сите граѓани веќе е евидентно и сакам да ве уверам дека ќе продолжиме да го правиме тоа. За нас сите граѓани и сите општини се подеднакво важни, истакна Реџепи.
Заедно со градоначалникот на општината г. Хекуран Дука бевме на увид во работите на проектот за реконструкција на уличната мрежа во населбата Венец 1, проектот е со вредност од 37 милиони денари и треба да биде завршен во период од 10 месеци, моментално се завршени 25% од градежните работи.
Особено ми е драго што преку Министерството за транспорт и врски продолжуваме да им помагаме на општините, да им даваме силна поддршка за реализација на вакви проекти кои го подобруваат животот на граѓаните. Нашите политики се јасни и конкретни. Проектот за рехабилитација на локалните патишта ги дава вистинските резултати во сите општините низ државата, рече Реџепи
Преку овој проект ја зголемуваме безбедноста и ги подобруваме условите за живот на граѓаните, а досега преку овој проект опфатени се над 140 патишта во над 60 општини, заклучи Реџепи.