spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи - По ОБСЕ и А5, Северна Македонија го презема претседавањето...

МНР: Османи – По ОБСЕ и А5, Северна Македонија го презема претседавањето и со ПСЈИЕ

Од вчера Република Северна Македонија го презема претседавањето со Процесот на соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој од основањето во 1996 година  претставува единствен форум кој ги вклучува сите 13 земји од Југоисточна Европа, меѓу кои најголемиот дел се членки на НАТО, членки или кандидати за ЕУ, но и дел на ОБСЕ. На денешната тематска конференција за новинари, министерот за надворешни работи, Бујар Османи истакна дека преземањето на претседавањето со Процесот од страна на Северна Македонија, паралелно со претседавањето со  ОБСЕ и со САД Јадранската повелба (А5) претставува голема чест, но не помалку одговорност во која се насочени сите капацитети на Министерството за надворешни работи.

“Регионот во моментот се соочува со три исклучително важни, одвоени, а истовремено испреплетени процеси: потребата од неодложива интеграција во ЕУ, не подоцна од 2030 година, комплексната геополитичка слика на Европскиот континент, поврзанo со руската воена агресија во Украина и нерешените билатерални спорови. Сите три елементи директно влијаат врз динамиката на севкупните движења во регионот” рече Османи, нагласувајќи дека поради својата сеопфатност, ПСЈИЕ претставува одлична платформа за политички дијалог, каде регионалните прашања може да бидат адресирани на највисоко ниво, а со тоа отвори патот за што поскора европска и евро-атлантска интеграција на регионот на Југо-источна Европа.

 

Oсмани го претстави слоганот на претседавањето – „Премостувајќи поделби, градејќи доверба“ и приоритетите фокусирани кон помирувањето, регионалната соработка и забрзувањето на евро-атлантските интеграции. Во тој поглед, Северна Македонија веќе ја докажала својата посветеност, преку Охридскиот рамковен договор, Договорот за пријателство, Преспанскиот договор, како и со решението за одблокирање на нашиот европристапен пат од јули, минатата година, истакна.

Османи се осврна и на останатите приоритети, на кои исто така ќе се посвети внимание: зајакнувањето на демократијата, фундаменталните права и вредности, владеењето на правото, борбата против корупцијата, безбедноста и стабилноста; почитyвањетo на меѓународниот поредок заснован на правила; справување со предизвиците од климатските промени,  поттикнување зелен и други.

Претседавањето претставува дополнителна можност за афирмација на Република Северна Македонија и најави бројни настани состаноци на политичко и експертско ниво, чиј координатор ќе биде Министерството за надворешни работи.

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...