spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМО: Петровска му понуди на својот грчки колега Никос Дендиас помош за...

МО: Петровска му понуди на својот грчки колега Никос Дендиас помош за справување со пожарите

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчера имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Грција Никос Дендиас, со кого разговараше за состојбата со пожарите во соседна Грција.

Во телефонскиот разговор, министерката за одбрана Славјанка Петровска изрази жалење за пожарите кои ја зафатија соседна и сојузничка Грција и понуди помош во справувањето со огнените стихии.

Двајцата министри се согласија дека како соседи, но пред сè како пријателски и сојузнички земји многу е важно меѓусебно да се помагаме.

Инаку, во Република Северна Македонија, уште во месец мај во Армијата е дадена наредба од страна на Генералштабот за воведувања на дежурства во Касарните, но и во хеликоптерската единица, кои се подготвени во случај да има потреба, веднаш да бидат ангажирани.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...