spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Цевководот Макарија е експресно саниран, овој викенд ќе потече вода

МЗШВ: Цевководот Макарија е експресно саниран, овој викенд ќе потече вода

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со градоначалникот на општина Росоман, Стојан Николов и  директорот на АД „Водостопанство на РСМ” – Скопје, Локман Љимани  извршија увид во завршните активности за санација на хаваријата на цевководот Макарија.

Овој викенд низ цевките ќе потече вода, системот е саниран во најбрз можен рок.

Благодарение на брзата реакција на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за само месец и половина е санирана најголемата хаварија во водостопанската инфраструктура досега.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја одигра својата улога, и заеднички со другите институции успеа навремено да делува, во интерес на сите нас, а најмногу за земјоделците од Росоман и Градско.

„Заедно со премиерот веднаш дојдовме на увид на динамиката на одвивање на работите. Тогаш реков дека Владата и Министерството заедно со фирмата изведувач и надзорниот орган кои ја санираа  хаваријата на цевководот, сме дел од една капитална активност, која ќе остане запаметена од земјоделците од овој крај како најдобрата и најбрзата реакција за нормализирање на работите со цел да ја спасиме производната сезона. Во текот на целиот период на овие случувања бевме на иста линија со вас и вашите потреби, вашата дејност е најважна за нас, без вас нема развој на економијата, нема развој на општеството и државата, вие сте нашиот приоритет, а ние сме секогаш тука за да создаваме погодна клима за вашето работење’’,  истакна министерот Николовски.

Министерството не застанува тука, активно работи на реализација на Програма за водостопанство. Инвестициите во водостопанска инфраструктура се во полн ек, се реализираат проекти во секој дел од нашата држава. Без вода, нема земјоделство, тоа е основно правило кое го споделуваме и работиме посветено на финиширање на проектите и обезбедување на наводнување за секоја педа обработлива земја. Капиталните проекти на кои сме посветени полека ги привршуваме, браната Конско е најголемиот инфраструктурен проект каков што не е изграден во последните 50 години и истиот го завршуваме кон крајот на летото, во финалана фаза е главниот цевковод Равен-Речица, а активно се работи и на браната на Оризарска Река. Со овие проекти обезбедуваме наводнување на  нови 10.000 хектари површини. Полека го подготвуваме теренот за новите проекти, па така влегуваме во финална фаза на проектирање на брана на река Слупчанска и припремаме студии за наводнување за Конско, Пепелиште, Лисиче и Страиште. Во фаза на припрема се хидролошките основи кои ќе послужат за изработка на физибилити студијата за брана во селото Вакуф, што ќе биде новиот најголем проект за државата кој според прелиминарните проценки ќе обезбеди наводнување за 20.000 хектари површини во Кумановско, Кратовско и Светиниколско. 

Уште една поддршка за овоштарството е новата Програма за откуп на свежо овошје и зеленчук. Од минатата недела, за 38.000 деца од сите градинки во државава, веќе тече дистрибуицијата на 880.000 килограми свежо овошје од кои веќе се испорачани 90.000 килограми кајсии, започна дистрибуцијата на 175.500 килограми праски, а ќе следат 168.000 кг сливи, 74.000 кг круши и 370.000 кг јаболки, кои ќе бидат редовно доставувани во градинките до декември оваа година. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм свежо сезонско овошје од прва класа. Ова е уште една поддршка за производителите на праски од Росоман.

Министерот Николовски се заблагодари на сите кои беа активно вклучени во процесот на санација за рекордно брзата реакција, со која системот повторно се става во функција и овој викенд низ цевките на „Макарија“ повторно ќе потече вода за наводнување на земјоделските површини.

Отстранувањето на хаваријата беше приоритет за Министерството кое веќе работи на подготовка на трајно решение за целокупна реконструкција на целиот цевковод за да не се повторуваат вакви несакани ситуации.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство 

Прочитајте

АФПЗРР: Соопштение за исплата на органско производство за 2023 година

0
 Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 811 лица со вкупен износ 61.219.350,00 денари за мерката Органско производство за 2023 година. Корисници...